Тринаесеттиот Exit festival кој ќе се одржи од 12-ти до 15-ти јули следната година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, веќе ги започна подготовките. На официјалниот сајт на фестивалот „Exitfest.org“ објавено е промотивно видео кое го најваува Exit 2012. Продажбата на четиридневните влезници започнува веќе од 16-ти декември точно напладне, а бројот на влезниците е ограничен. Најбрзите кои би се логирале на gigstix.com, ќе можат да купат четири влезници по цена која е сега пуштена, додека наредната промотивна цена ќе биде малку поскапа.
А сега погледнете го промотивното видео на Exit 2012...