Прочитано 794 пати
0 коментари
27.01.2012 13:18
„New Order“ на Exit 2012
Најдобриот и најголемиот европски андергароунд фестивал „Exit“ го најавуваат настапот New Order еден од најпризнатите и највлијателните бендови на денешницата. Со настап на главната сцена на Exit на Петроварадинската тврдина во петок 13-ти јули 2012 во Нови Сад. Бенд кој сеуште го држи рекордот за најпродаван сингл на 12-ет инчен винил на сите времиња, апсолутниот хит од 1983-та година „Blue Monday“, продолжува да биде неверојатно актуелен и популарен дури триесет години по неговото објавување. Комбинирајќи рок и поп со електронска и денс музика, и енергијата на тогашните андерграунд клубови, создавајќи хит по хит и константно поместувајќи ги границите, New Order поставија стандарди кои многумина ќе ги следат со години подоцна.
„Сите сме возбудени што New Order ќе настапат годинава на Exit. Кој може да заборави класики како„Love Will Tear Us Apart“, „Bizarre Love triangle“ и секако најслушаната „Blue Monday“. Не можам да дочекам да ги чујам на Exit, а сигурен сум дека и фановите се исто толку возбудени“, изјавил Бојан Бошковиќ, генералниот менаџер на фестивалот Exit.
На овогодинешниот Exit фестивал свое учество најавија и португалската ворлд мјузик сензација Buraka Som Sistema., кои имавме можност да ги видиме на миантогодинешниот Таксират. Нивниот микс на анголски кудуро звук, моќни мултиетнички гето фанк ритмови и неверојатни танчери и ем-сија од целиот свет, секојпат на нивните настапи во живо ја оставаат публиката без здив.
Возбудливи вести ни носи и славната Dance Arena каде што во петок 13-ти јули Cadenza Records ќе подготви незаборавна ноќ со своите топ изведувачи. Во Нови Сад за таа прилика пристигнуваат Luciano, Reboot live, Kenny Larkin, Robert Dietz и Maayan Nidam.
Чилеанскиот диџеј и продуцент Luciano својот пат го изгради од бројните иницијатори на латинската електронска музичка сцена. Сега живее во Швајцарија и миксот на чилеанскиот и швајцарскиот идентитет во неговата музика е претставен преку посебна мешавина сочинета од дип техно и електро, заедно со неговите препознатливи груви и минимал ритмови.
Reebot повторно ќе се најде зад пултовите на Dance Arenа, со уште еден инспиративен лајв настап кој го опфаќа целиот спектар од дип минимал и електро тех вајбови, па сѐ до олд скул хаус звукот.
Kenny Larkin е еден од лидерите на детроитското техно во електронската музичка индустрија и повеќе од дваесет години неговите настапи се посебно доживување, а средбата со публиката на Dance Arena секако ќе биде за паметење.
Robert Dietz го изгради својот единствен музички пристап на франкфуртската клубска сцена креирајќи хипнотизирачки, секси звук. Уште едно важно име на оваа етикета секако е Maayan Nidam aka Miss Fitz, чија разновидност во музичкиот израз и совршеното чувство за грув и фанк ветуваат разиграна и заводлива ноќ на Dance Arena.