Прочитано 1055 пати
0 коментари
21.02.2012 09:45
Мајката на Анабела се обидела да се самоубие
Српската пејачка и поранешна членка на групата „Funky G“, Анабела Буква е во шок откако дознала дека нејзината мајка Јадранка Полутак на „Денот на заљубените“ се обидела да се самоубие, пиејќи седативи.
Инцидентот се случил во нејзиниот дом во Шведска од каде е префрлена во болница каде по препорака на лекарите требало да помине неколку месеци. Мајката на Анабела живее заедно со нејзината сестра која воедно и се грижи за неа.
„Сеуште сум во шок и тешко ми е да се соочам со ситуацијата. Мојата сестра за се грижи затоа што јас сум во Србија, но знам дека до мојата мајка допреле моите зборови и се надевам дека ќе најде барем една причина да остане помеѓу нас“, изјавила Анабела за еден српски медиум.
Како што пишуваат српските медиуми мајката на Анабела се обидела да се самоубие поради психичко растројство кои со години ја мачело поради нарушеното здравје и емотивен живот.