Прочитано 1985 пати
0 коментари
15.11.2011 20:35
Каков подарок доби Сораја за роденден?!
Си фати момче па потоа си купи еден добар автомобил, си купи или и купија. Поранешната станарка од куќата на “Големиот брат” сега повеќе препознатлива по насловната страна од “Playboy”, може да се пофали и со нова бунда и тоа не обична туку од нерц.
“Добив бунда од омилениот креатор R. Cavali, од неговата последна колекција...нерц...”Happy Birthday to me””, напишала Сораја Вичелиќ на својот Фејбук. Нејзините пријатели биле воодушевени од подарокот кој што го добила, и напишале позитивни коментари на нејзиниот статус.
Иако Сораја во среда на 16-ти ноември треба да го прослави нејзиниот роденден таа со екипата на Playboy заминува на Копаоник, па како подарок предвреме од нејзиното момче Иван Припуз добила бунда. Сигурно се прашувате за цената? - Десет илјади евра што се?
“Многу сум изненадена . Не дека сакам подароци и дека подароците се задолжителни , но кој кажува дека не сака подароци не е искрен. Тоа е знак за мало вниамние и кога е од срце, нема ништо поубаво од тоа. Како што сакам да добивам подароци, така сакам и да подарувам. Сакам често да ги изненадам драгите личности со некој убав подарок”, изјавила Сораја.
Е па кој нема момче нема ни да има ни бунда....а ни автомобил.