Финалето од натпреварот на кој се бира Playboy девојка која ќе ја понесе титулата „Playboy зајачица на годината“ влегле три финалистки добро познатата Сораја Вучелиќ, Анастасија Бучиќ и Уна Грујиќ. Тие имале задача да танцуваат пред публиката а фустанот на Уна повеќе се нашол на делови од телото за кои не е предвиден да стои, што можеби и донел поени за да се најде победничка во оваа категорија.
Иако победничката на натпреварот е прогласена на специјален начин, точно пред водителите Срѓан Предојевиќ и Рада Раденовиќ да ги прочитаат гласовите на публиката на видео бимот биле испишани резултатите, а самото прогласување изгледало и по малку смешно. Како победник била прогласена Сораја Вучелиќ која била и најголем фаворит за да ја понесе титулата. Емисијата се нашла под лупа на голем број коментари на социјалната мрежа Твитер, кои биле најдобри и но и најсмешни.
Добро познатиот водител кој знаеме дека секогаш знае да подели некоја шега на сметка на другите Иван Ивановиќ секако дека неможел а да не го искоментира Огнен Амиџиќ кој бил во жири: „Амиџиќ: Внимателно ги слушав овие девојки и можеш многу да научиш. Тоа се обајснува, Голдфингерка ја грчи фацата, на некој му мирисаат нозете“, напишал Иван, а не ја пресконал ниту Рада Раденовиќ, а за неа напишал на следниов начин:
„Рада Р. Ги изми садовите, ја собрала косата и во наметка дошла во студио“.
Како и коментари од овој тип:
„Хју Хефнер се превртува во кревет!“
„Имате ли вие татко и мајка? Горди ли се што нивната ќерка се појавила на телевизор?„.
Скандали се случуваат, а секако и организацијата не била ништо посебно со што се нашла на мета на негативни коментари како и самите водители. Најважно е дека и се оствари желбата на реалити девојката Сораја која од појавувањето во реалното шоу „Големиот брат“ постојано е присутна во медиумите.