Прочитано 1321 пати
0 коментари
22.02.2012 16:35
Фановите со транспаренти и скандирање за Цеца
Некои фанови на Цеца сепак не издржале и се појавиле пред нејзината куќа за да ја поздрават пејачката и да ја поддржат, иако пред неколку дена го откажаа собирот поради безбедносни причини. Цеца Ражњатовиќ конечно е на слобода, екипата определена за извршување на санкција околу девет часот и триесет минути утрово ја посетиле Цеца во нејзиниот дом во кој ја служеше казната домашен притвор, и ја извадиле алката со што пејачката официјално е на слобода.
Оваа информација Цеца ја соопштила и на социјалната мрежа „Твитер“ со што ги демантирала натписите во медиумите дека ќе прави забава по повод нејзината слобода.
Неколку најверни фанови се собрале околу куќата на Цеца и го скандирале нејзиното име и со големи транспаренти на кои пишувало:„Секогаш на врвот Цеца е една и единствена“, и на тој начин сепак успеале да ја наговорат Цеца да се појави на прозорот од нејзината куќа и да им прати поздрав. Видно насмеана во тренерки Цеца ги поздравила обожавателите но не излегла од куќата. За плановите на пејачката по завршуавње на казната се знае дека има закажана турнеја која стартува на 24-ти февруари, веднаш по судењето за насилно однесување кое е на 23-ти март.