Прочитано 805 пати
0 коментари
21.02.2012 15:20
Цеца утре ќе ја слави слободата со голема журка
Осум месеци во домашен притвор и одсуство од јавноста, на познатата српска турбо фолк пејачка Цеца, утре има повод оваа пејачка да направи журка за нејзинте пријатели по повод завршување на казната. Наводно пејачката решила да организира голема забава каде што би ги повика нејзините најблиски.
„Цеца веќе неколку дена ситно ги брои деновите до својата слобода и едвај чека да се врати со нормалниот живот. Планира да го потполни се она што го пропуштила последниве месеци и сигурно е дека нејзиното прво појавување во јавноста ќе биде во потполн сјај. Меѓутоа одбрани ќе бидат и оние кои заедно со Ражњатовиќ ќе ја прослават нејзината слобода на големата журка“, раскажал еден анонимен извор близок до пејачката, кој замолил да биде аномимен.
Наводно пејачката дошла до идеја по истекот на нејзината казна на 22-ри февруари да организира голема жирка за нејзинте најблиски пријатели. Таа вечер сакала да ги собере блиските пријатели и заедно со нив да ја прослави слободата. Сеуште не е познато кој ќе биде задолжен за музичкиот дел, но се претпоставува дека бројните пријатели на Цеца ќе го искористат микрофонот.
Пејачката на нејзиниот профил на „Твитер“ напишала:„И оваа недела дојде! Дојде...“, напишала и веднаш потоа ја постирала нејзината песна „Чудо“.