Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Златна Бубамара на 25-ти февруари

Најпопуларното и најочекуваното шоу во нашата Држава, Златна Бубамара на популарноста, по 13-ти пат ќе се одржи на 25-ти февруари  во Универзалната Сала.

Подготовките се при крај, и како што најавуваат во штабот на Радио Бубамара, и ова година ќе имаме неповторливо доживување. Како и секогаш, сценариото и добитниците на наградите се чуваат во тајност, но може да претпоставиме дека и ова издание ќе биде ретроспектива и прерасказување на изминатата година, на духовит и музички начин, по што е препознатлива Златна Бубамара.

Во изминатите 12 години, Бубамара успеја да стане најдоброто шоу од ваков тип на Балканот и едно од најгледаните ТВ програми во Македонија. Иако е ова 13 издание ,голема среќа е да се дојде до билет кога знаеме дека  билетите се продаваа за само неколку часа.

Најпопуларните од медиумите, музиката, културата и спортот и ова година ќе се позлатат со ова високо признание за нивната успешна работа во изминатата година. Лани, естрадниот магазин "Бекстејџ" доби награда за најгледан ТВ проект, потсетете се на фотосот.
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...