Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Жељко Митровиќ ја одби Анџелина Џоли

Првиот човек на српската Пинк телевизија, ја одбил соработката со хоивудската ѕвезда Анџелина Џоли, бидејќи не сакал да продуцира филм во кој Србите се претставени како негативци.

Како што пренесуваат српските медиуми, првичната идеја токму Жељко Митровиќ да го продуцира најновото остварување на славната актерка, паднала во вода штом Митровиќ го прочитал сценариото.

- Митровиќ веќе со месеци е во контакт со агентите на Анџелина Џоли и прелиминарно се договорија, нејзиниот нов филм да се снима во студиото на ТВ Пинк во Шимановце, а да Жељко биде копродуцент на истиот. Дури постоеше и алтернатива да Енџи, тајно да дојде во Белград кон средината на јули за да се сретне со челниците на Пинк – изјавил близок пријател на Митровиќ, и додава:

- Се одеше по планот додека Жељко не го прочита сценариото кое требаше да го копродуцира а со тоа и да го финансира. Не му се допадна идејата да главниот јунак, Србин, биде претставен како негативец кој заведува и силува млада муслиманка. Жељко не можеше да помине преку тоа, неговиот народ повторно да биде прикажан во негативно светло, па им се заблагодари на гостите од Холивуд и одби на било кој начин да учествува во снимањето на новиот филм на Анџелина – завршува изворот.
 
И првиот човек на розовата телевизија е разочаран од идејата на Џоли, затоа што како што вели, таа е полна со предрасуди за Србите.

- Имав големи симпатии спрема Анџелина Џоли и навистина го почитував нејзиниот лик и дело. Жално, но таа е полна со предрасуди за Србите. Знам дека соработката со неа отвара врата кон големиот филмски бизнис, но не сакам да бидам дел од нешто, што по којзнае кој пат ги претставува Србите како вечни лоши момци. Не сакам и нема – изјавил Жељко Митровиќ.
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.