Во четврток кај Панчо на роденден
ДЈ Панчо од ДНК ќе го прослави својот роденден во четврток после полноќ во дискотеката „Парк“ во Охрид.

На роденденот ќе бидат присутни ексклузивците на „Продукција Република“ но и многу познати личности и ѕвезди од естрадата.Роденденот ќе биде еднa голема забава со ДЈ сет на еден од најдобрите хип хоп и Р&Б диџеи во Македонија ДЈ Давор ака Оне, а на сцената ќе се појават и ДНК и Врчак кои ќе ги изведат нивните најголеми хитови како: Пази се од мене, Навлечен на тебе, Полна месечина, Препушти се на мене, Таа тоа го крие итн.
Настапот на ДНК во четврток во „ Парк“ ќе биде воедно нивниот последен настап во Охрид за ова лето.
Затоа во четврток сите во Парк на роденден кај Панчо!!!
















