Влада Дивљан во Хавана
Влада Дивљан и неговиот бенд Невладина организација на 23 март во клуб Хавана ќе одржат самостоен целовечерен концерт. Настапот во Скопје доаѓа по традиционалниот осмомартовски концерт во белградскиот Дом на синдикатите.

Ова е прв настап на Дивљан во Скопје по Пиволенд од пред две години. На репертоарот се очекува да бидат застапени легендарните хитови од периодот на Идоли како и песни од новите соло албуми на овој изведувач.
Влада Дивљан беше главна алка на Идоли и стои како автор на најголемите хитови на овој култен југословенски бенд како Малена, Небеска тема, Она то зна, Љубави, Русија и многу други.
Концертот во Хавана пред се ќе биде добра прилика за одлична забава и незаборавен помин на публиката и бендот.
Билетите за концертот на Влада Дивљан ќе бидат по цена од 250 денари во предпродажба и 350 на врата, картите ќе се продаваат во Ливинг Рум, Кастм Паб и клуб Хавана.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













