ВИП Големиот Брат пред финале
По неколку неделната борба на Богатите против Сиромашните, по неколку неделното слугување на господарите, по сите завршени обврски, по сите освоени поени, реалното шоу ВИП Големиот Брат е пред големото финале...
По неколку неделната борба на Богатите против Сиромашните, по неколку неделното слугување на господарите, по сите завршени обврски, по сите освоени поени, реалното шоу ВИП Големиот Брат е пред големото финале. Кој ќе биде станарот што ќе ги освои симпатиите на цел Балкан и што ќе ја однесе наградата на Големиот Брат?
Бројот на станарите полека но сигурно се намалува. По Ана Бебиќ од Хрватска, куќата ја напуштија и манекенките Сања и Тамара. Македонскиот претставник Боки 13 со самото влегување во куќата веќе беше фаворит за победник. И сеуште е. Српските форуми преплавени со коментари за Боки. Бојан сигурно ги освои гледачите. Дали ќе ги освои и парите?
На само неколку дена пред крајот на реалното шоу ВИП Големиот брат Бекстејџ на Кнез Михајлова прашува кој е омилениот станар од куќата на Кошутњак. Според Белграѓани кој е станарот што ќе ги однесе 50.000 евра на Големиот брат? Одговорите дознајте ги вечерва, во 18часот и 45 минути во естрадниот магазин Бекстејџ.

















