Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Тања Савиќ бара заем на Фејсбук

Една од естрадните жртви на Фејсбук е и српската пејачка Тања Савиќ. Некој на познатата фолкерка и отворил лажен профил, и барал 5.000 динари на заем од нејзините "пријатели".

- Нека ми пише итно некој од Србија зашто ми треба помош. Немоќна сум, во Австрија сум. Ве молам на мојот роднина во Србија однесете му 5.000 динари, а јас сум на настап во Австрија и кога ќе се вратам ќе ги вратам и парите", пишува на статусот на лажниот профл на Тања Савиќ.

Се уште не е познато колкумина паднале на оваа лажга, но екипата на весникот "Ало" не успејала да ја добие пејачката за коментар.

- Тања нема свој профил на Фејсбук, а немам појма кој го отворил тој профил, рекол нејзиниот брат кој одговорил на телефонот на Тања. Утре ќе имаме повеќе да кажеме по тоа прашање", рекол Томица, братот на Тања. 
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...