Стомачето на Гвен Стефани најубаво!!!
Читателите на магазинот Fitness ги избраа најдобрите тела во Холивуд, а на првите три места се најдоа жешките Меган Фокс, Џесика Бил и Гвен Стефани.
Во предвид биле земени стомачните мускули, газето но и начинот на вежбање, па така резултатите биле објавени под насловот "Hollywood Best Bodies".

Пејачката и дизајнерка Гвен Стефани според магазинот Фитнес има најубави стомачни мускули кои гордо ги покажува, а Меган Фокс пак има најдобра задница.
Најдобар стил на вежбање има девојката на Џастин Тимберлејк, Џесика Бил.
Бекстејџ со задоволство ќе ја почека топ листата на газиња на македонските девојчиња. . .

















