Најпознатиот српски имитатор Карамела скаран со пола српска естрада. За Бекстејџ открива и зошто???
 

Синди Крафорд не старее

Иако поминаа 25 години, откако за прв пат зачекори во светот на модата, Синди Крафорд и понатаму изгледа совршено.

За новиот број на магазинот "Херперс Базар", топ моделот која сега веќе има 43 години, позираше во ултра кус црн фустан, покажувајќи ги совршените нозе и вајаното тело кои им пркосат на годините. Фотографиите ќе ги замислат нејзините помлади колешки. Сепак, годините оставиле трага на нејзиното лице, но затоа тука е спасот наречен ботокс.

- Мислам дека се држам сосема добро. Имам свој лекар во Лондон кој се грижи за мојата кожа и кај него, само еднаш пред десет години направив третман со ботокс. Тоа е се што сум направила на своето тело", изјавила Синди. Сепак, она што ја држи во кондиција е притисокот и очекувањата од другите.

- Јас сум под постојан притисок дека треба да изгледам добро и тоа премногу ме оптеретува, но и ме мотивира, но настојувам да оставарам баланс помеѓу тие две работи, и со вежбање да го одржам телото во форма. Од мене се очекува да изгледам подобро од своите врсници", рекла Синди.

Славната манекенка, откако во 1995 година се разведе од Ричард Гир, се омажи за Ренди Гербер и имаат две деца.  

 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...