Се продава газето на Карла Бруни
Откако стивнаа шпекулациите околу афератата поврзана со меѓусебните изневерувања на францускиот претсетдател Саркози и првата дама на Франција, нови фотографии со разголено газе на Карла повторно ги наполнија француските весници и интернет страници. Фотографијата е направена кога Карла имала 25 години а на истата, таа е потпрена на клавир, со кратко фустанче без гаќички под него. Фотографијата ја направил познатиот фотограф Хелмут Њутн во период кога Карла не била непозната за јавноста.

Покрај оваа фотографија, понудена е и фотографијата на Памела Хенсон од 1987 та година, на која Карла Бруни во гаќички и кратка маичка пуши цигара.

По овој скандал за првата дама на Франција, претседателот Саркози и Карла Бруни изјавиле дека немаат време да се занимаваат со трачевите поврзани со нивниот брак.
Сличен ваков скандал се случи и пред 2 години при една официјална посета на саркози и Карла на велика Британија. Имено во Лондон тогаш беше ставена на продажба фотографија направена 1993 та година на која Карла Бруни е гола.

















