Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Рози пред станот на Ксенија Пајчин

На Никшичка улица 6 во Белград, каде во вторникот беа најдени мртвите тела на Ксенија Пајчин и нејзинoто момче Филип Каписода, пред вратата на станот со број 12 останале само розите што ги оставаат многубројните фанови, пријатели и комшии на познатата српска пејачка. Српските медиуми продолжуваат да известуваат за трагичниот настан во кој црногорскиот манекен Филип Каписода прерано го заврши животот на својата девојка Ксенија Пајчин а потоа и својот.


До затварањето на сите српски дневни весници, немаше нови информации за  трагедијата што ја потресе цела српска естрада. Последните, повторно беа поврзани со нивната бурна и тешка љубовна врска. Иако низ медиумите проструи информацијата дека мотивот за убиството и самоубиството е љубомората на црногорскиот манекен, нивни блиски пријатели изјавуваат дека во последно време, Ксенија била таа што одбирала со кого Филип ќе излегува и ќе се дружи.

Шпекулациите и неофицијалните информирања продолжуваат се до конечното огласување на српската полиција како и до излегувањето на резултатите од обдукцијата. Дури тогаш ќе се одговорат многу нејасни прашања.   
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...