Рамштајн во четврток во Загреб
Германскиот бенд Рамштајн оформен во 1994 та година во Берлин, за концертот пред загребските фанови доаѓа 2 дена порано, за да ужива во убавините на хрватската метропола. Концертот е закажан за 18 ти март четврток а за потребите на истиот германците побарале инструкторка по танц и јога.Меѓу другото од непознати причини побарале и инструкторка по салса.

Побарале и превозно средство Мерцедес па хрватите како добри домаќини им обезбедиле комбе Виано Мерцедес С класа.
По скандалозниот видео запис за песната Pussy, чија нецензурирана верзија е забранета секаде во светот, Рамштајн убедливо се најпровокативниот бенд на денешницата.
Сите оние што ќе бидат во загребската Арена во четврток на 18 ти Март, ќе бидат сведоци на незаборавен музички хепенинг.

















