Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Платена сум за да изгледам така

Била директна, била бескомпромисна, била дрска, била арогантна...и тргнавме да провериме. Оливера Трајковска, оваа сезона во Бекстејџ!
Ако сериозно размислуварте да зачекорите по прекрасното ни новинарско тло, тогаш еве што ве очекува...
- Слатко кога сте почетник, како учите дека до крајот ќе треба да учите а се помалку задоволство чувствувате од тоа што ќе треба да го изведете, на крајот си велите „Добро ова е работа како и сите други“.

Новинарката која откако се појави во македонскиот медиумски простор, на своето име го закачи епитетот отровно јазиче вели:
- Јас сум платена професионално да изгледам така и незнам зошто моето приватно лице ќе треба да го покажувам на телевизија. Каква сум јас приватно, како и за било кој друг човек знаат само оние кои живеат во вашата приватна околина.

Денес...
- Незнам, мислам дека така веќе не изгледам на ТВ и некои веројатно се прашуваат што и е. Со годините можете да бидете поискусен, поглупав сигурно неможете. Но да, има и такви приказни дека сигурно ве плаќаат за да бидете таков.

Ова не е доволна причина да се откажете од големата новинарска желба и страста да се дознае вистината. И по сите избришани телефони, не посикала ниту таа...
- Не посакав оти знам дека секоја друга ќе бара многу повеќе од мене. Секоја друга ќе бара од мене одење на работа во 7 или во 8 наутро.

Оливера Трајковска не би се префрлила во естрада ама затоа пак она што би сакала да го работи или би можела да го работи е спортското новинарство.
- Пандев е во Македонија и би можел да биде личност на кого јас би можела да му направам интервју. Но ме предомисли едно мало видео со изјава на Пандев, затоа што сватив дека мојот напор да сторам нешто во еден час ќе заврши со 10 минути.
Несомненео тогаш ќе живне македонскиот спорт. И цела Македонија ќе знае за Светско првенство.
Да не се лажеме, не секој може да го привлече нејзиното внимание. Оливера не е од естрадата, уште помалку се занимава со оваа нашата...
- од овие нашите т.н. селебрити списанија, видете ја нова штикла од 12 потпетица на Софче, која е Софче побогу, Софче се ошишала како Сека, која е Сека па Софче.....

Во меѓувреме, ги слуша и другите маси....
Луѓето за нас си имаат своја претстава. телевизијата битно менува, додава и одзема килограми или пак висина. Кога луѓето ќе ве видат во живо обично остануваат подзинати. Децата се многу поискрени па нив често ги разочарувам а нивните коментари најчесто се Аууу Мамо каква е ...

Нема потреба од дополнителни класификации и епитети. Оливера Трајковска е картегорија единствена. По примерот на децата од горе, не би сакале да ви го срушиме впечатокот, ама таа и не е така дрска и страшна. За жал, пријатна е. Вистинско новинарско уживање.

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.