Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Од четврток во продажба билетите за Едиторс

Од четврток 25.02.10 стартува продажбата на карти за концертот на Едиторс, кој ќе се одржи во Клуб Колосеум. Билетите ќе се продаваат во Југотон, а првиот ден е хепи деј и влезниците ќе може да се набават по цена од 400 денари. Во редовна продажба од петок картите ќе бидат 600 денари.

Едиторс ќе го посетат Скопје со свежо издаден албум кој излезе во октомври 2009, In This Light and On This Evening. Ова издание веднаш по објавата ја освои топ-листата за најпродавани албуми во Велика Британија.

Прв сингл од ова издание беше Папиллон, додека вториот, Ѕоу Дон’т Кноњ Лове, бендот го издаде неодамна, на 25-ти јануари.
Последниот албум “In This Light and On This Evening” доби одлични критики и ги смести на врвот на британската музичка сцена.
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...