Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Наградата АМФИ во МНТ по втор пат

Во недела на 21 Март, во просториите на Македонскиот народен Театар, со почеток во 20 часот, ќе се одржи манифестацијата АМФИ по втор пат.
Оваа награда се доделува на актер кој изиграл најмногу претстави и е носител на репертоарот во МНТ за 2009/2010 година.
Наградата АМФИ е парична и изнесува 1.000 евра, средства кои што театарот ги обезбедува од продажбата на билети.

Почнувајќи од лани традиционално ќе се доделува секоја година на 21 март, кога се одбележува денот на роденденот на бардот на македонското глумиште Ристо Шишков.

Наградата АМФИ минатата година за прв пат ја доби актерот Александар Микиќ. Според податоците на МНТ, Микиќ на сцената се појавил 180 пати.
Годинава водител на манифестацијата ќе биде актерот Сашко Коцев. Најексклузивните моменти од манифестацијата гледајте ги во естрадниот магазин Бекстејџ.
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...