МИРОСЛАВ ИЛИЌ ВО ПОЛУПРАЗНА АРЕНА
Четврток, 11.03.2010
Фолкерот Мирослав Илиќ (60) не успеа за Денот на жената да ја наполни Арена, но затоа истата ја крена на нозе. Околу 10 000 главно млади фанови на пејачот, едногласно пееја “Теби”, “Поздрави је поздрави”, “Девојка из града”....

Како гостинка на дуетската “Један дан живота”, кој оригинално го отпеа со Лепа Брена, требаше да настапи Данијела Мартиновиќ, но на денот на концертот од болница го откажала настапот. На сцената на Арена заедно со Илиќ се појавија и победниците на Гуча и оркестарот на Дејан Петровиќ.

















