Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Мира Шкориќ во Survivor

По учеството во реалното шоу ВИП Големиот брат, пејачката Мира Шкориќ се пакува за Филипини. Овој пат ќе биде дел од најновата сезона на Survivor.

Кон крајот на месец јули, Шкориќ заедно со останатите 15 учесници ќе отпатува nа Филипините за снимањето на шоуто а истото на телевизија Фокс ќе се емитува на есен.

Мира Шкориќ не ја потврдила информацијата дека помеѓу натпреварувачите на островот ќе се најде и таа но нејзините блиски пријатели индиректно веќе го сториле тоа. Тврдат дека доколку биде дел од оваа нова Вип сезона на Преживеан, Мира Шкориќ несомнено ќе се снајде одлично. Делумно поради досегашното искуство со реалните шоуа делумно поради нејзиниот карактер и издржливост.

Како и да е, нејзиното учество секако ветува забава! А ој од нив преживее...ќе раскажува!
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.