Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Милан Станковиќ оди на Евровизија

Ова е Балкан – ќе пее Милан Станковиќ, кон крајот на мај во Осло. Русокосиот пулен на Гранд продукција со впечатлив сценски настап и трубачи без проблем ги освои симпатиите на публиката, а со тоа и повеќе од половина од пристигнатите гласови, така што буквално ги засени Емина Јаховиќ и Оливер Катиќ, на изборот наречен - 3 па 1 за Осло, кој се одржа во саботата во студиото на РТС.


- Премногу сум возбуден и сеуште незнам што ме снајде, мислам дека ќе сфатам дури откако ќе преспијам. Србија ја препозна енергијата и веселата порака која ја носи оваа песна и многу ми е драго што толкав број на луѓе ме поддржаа – изјави Милан по победата.
  
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...