Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Љубојна во Универзална за 250 денари

Етно составот Љубојна на 10 ти Април во Универзалната сала во Скопје ќе одржат свој самостоен концерт.Овој инвентивен и уникатен состав, што ја негува македонската музика, на оригинален начин доловена од вокалистката Вера Милошевска,на концертот во универзалната сала покрај добро познатите композиции од својот творечи опус, ќе го претстави материјалот од својот последен албум Песна за мојата песна.

Материјалот од последниот албум Pесна за мојата песна, Љубојна го промовираа на 25 ти декември со концерт во Скопскиот клуб Хавана а истиот содржи 7 песни во кои е отпеана поезијата на Петре М. Андреевски.
 
Целовечерното уживање со песните на Љубојна ќе ве чини 250 денари. Влезниците можете да ги најдете во Југотон и на билетарата на Универзална сала во Скопје.

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...