Линдзи Лохан позираше како од мајка родена
Немирната актерка Линдзи Лохан сними секси едиторијал за германскиот магазин GQ. ЛиЛо за време на снимањето максимално се опуштила и почнала да се соблекува. Како што впрочем може да се види на фотографиите, Линдзи без проблем соблекла се од себе освен гаќичките, па така разголена се извивала во секси пози.

Ова наводно било последното снимање на Лохан, пред да и биде изречена пресудата, според која актерката поради проблеми со зависност и кршење на условната пресуда од 2007, кога била уапсена за возење под дејство на алкохол и дрога, треба да одлежи 90 дена во затвор.



















