Кристина е најубава македонка
Викендов во клубот Парсифал во Демир Капија се одржа финалето за избор на МИС НА ГОДИНАТА во организација на модните студија Шанел, Црнокрак и Фешн стејџ. Ден пред тоа во Охрид девојките настапија во клубот Лапидариус во Охрид. На финалето во Демир Капија учествуваа 12 финалистки и секоја од нив се закити со своја титула.

На модната писта продефилираа неколку пати во спортски комбинации од спонзорите и се разбира во костимите за капење а како шлаг на тортата дојде самиот финиш на изборот.12-те финалистки се појавија во модните креации на дизајнерот Дине Јаневски од Струмица, а потоа следеше и прогласувањето на победничките и доделувањето на наградите.
Сите 12 девојки на себе носеа лента со своја титула, Мис шарм беа Моника Маневска од Велес и Тања Митковска од Крива Паланка, титулите Мис фото ги понесоа Стефанија Андонова од Штип и Августина Гулевска од Битола, Мис тин со своите 15 години е Милена Мицкоска од Прилеп, Мис интернет Сара Локвенец од Скопје, а девојката со најубаво тело Мис тело е прогласена Битолчанката Николина Кузмановска, Втора придружничка е Милена Дивчева од Штип а прва придружничка Наташа Дуновска од Скопје.
Следуваат и девојките кое се закитија и со круна. Мис фејс-лице на годината е Радица Димовска од Велес, Мис на публиката беше Љупка Митевска од Македонска Каменица и за победник на изборот Мис на годината е 20 годишната Кристина Кочова од Демир Капија.Сите учеснички беа наградени со подароци од Орифлејм и од останатите спонзори.
Изборот заврши, на победничките им честитаме а вас ве оставаме уште неколку моменти да уживате со слика од финалето.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













