Ќерката на Клинтон со свадба од 2 милиони долари
Ќерката на поранешниот американски претстедател Бил Клинтон, Челзи Клинтон ќе направи свадба која ова некогаш претседателско семејство ќе ги чини 2 милиони долари.

Во сабота, Челзи ќе го каже судбоносното да на долгогодишниот партнер, Марк Мезвински а во американски медиуми, оваа свадба веќе го доби епитетот „свадба на деценијата“. Свадбената свеченост е закажана на имотот Aston Korts, на брегот на реката Хадсон кое се наоѓа на два часа возење од New York.

Изнајмувањето на овој имот, Бил и Хилари ги чинело 200.000 долари. Листата на гости, јадењето, пиењето, гардеробата и се друго до 2 та милиони долари американските медиуми го објавија во сите свои изданија. На барање на ќерката Челзи, Бил Клинтон ослабел некој килограм за да максимално елегантен ја одведе својата ќерка единица до олтарот. Државниот секретар на САД и во моментов најмоќната жена во светот Хилари, пак се обложила дека скоро и да е сигурна дека некогашниот „татко на државата“ ќе се расплака чекорејќи кон олтарот во моментов кога ќе треба да ја предаде раката на својата ќерка на нејзиниот избраник.
Тајни агенти и новинари веќе се наоѓаат пред луксузниот имот чекајќи на било каков ексклузивен момент од венчавката на деценијата.
Листата на гостите долга и бројна. Први на истата се брачниот пар Обама. Помеѓу останатите 500 гости се наоѓаат и имињата на Опра Винфри, Барбарта Стрејсенд, медиумскиот магнат Тед Тарнер и многу други.
Деталите од венчавката, во сабота во сите светски медиуми. Веројатно ќе се најде некој што ќе улови некаков ексклузивитет!
















