Кејт Винслет го чува Оскарот во бањата
Британската актерка Кејт Винслет откри дека својот Оскар го чува во бањата, затоа што нејзините гости само кога се во бањата ќе можат да го допрат без да им е непријатно, а таму никој нема да ги види.
Винслет последниот Оскар го доби лани за улогата во филмот "Читачот", а позлатената стуетка ја чува токму во бањата.
- Си помислив дека, ако стои таму ќе можам да го избегнам прашањето: Каде е твојот Оскар? Сите сакаат да го допрат и да го држат во рацете. Оние кои ќе ја посетат бањата тоа ќе го сторат без да ме прашаат, а на останатите не морам да им објаснувам", рекла Кејт.
Годинешново доделување на Оскарите на Американската академоја за филм ќе биде на 7-ми март во Холивуд.

















