Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Интервју со Ивана Стојанова, победничка на Fashion Stage

Заврши најспектакуларното модно шоу кај нас – Fashion Stage. На изненадување на сите присутни, наградата ја понесе 15-годишната Ивана Стојанова од Радовиш.

Модниот караван помина низ девет градови ширум земјата, пред стручното жири продефилираа преку 3 000 кандидати, 20 влегоа во потесниот круг а само 7-мина останаа до самиот крај во трката за наградата вредна 3 000 евра. Неизвесноста која константно се провлекуваше низ шоуто, на Гранде финалето кое се одржа на 04.Јули 2009год. буквално кулминираше.

Овој моден настан, најголем во последните неколку години на просторите на македонската модна сцена ги исполни очекувањата на публиката. Донесе нов момент и ново лице во македонската мода – Ивана Стојанова.

На кој начин се пријави на кастингот за Fashion Stage и зошто се пријави? Во кој град беше кастингот и какво беше чувството кога те избраа таму за да влезеш во полуфиналето? Зошто мислиш дека го освои жирито таму и со што?

Па испадна многу случајно, јас и незнаев дека се организира ваков кастинг.  Дојде другарка ми кај мене дома, ми кажа и почна да ме убедува да се пријавам. Тука се вклучи и мајка ми со што во мене се разбуди желбата која ја имав уште од мала и поради тоа се пријавив на кастингот кој се одрзуваше во мојот град Радовиш. Чувството беше многу возбудливо, за прв пат се пријавив на вакво шоу и можам да кажам дека во тој момент кога бев избрана од жирито за да продолжам понатаму бев најсреќна и се чуствувам како целиот свет да е мој, а жирито мислам дека го освоив со мојот изглед пред се!
 
Потоа следуваше полуфиналето на кое те одбраа да влезеш во големото финале. Дали претпоставуваше?

Не претпоставував дека ќе влезам во потесниот круг на избрани кандидати - а уште помалку да стигнам до гранде финалето.
 
Финалето се одржа во четири гранде вечери. Кажи ми како теќеа подготовките и дали имаше трема пред тв камерите? Дали се плашеше дека нема да ги добиеш потребните гласови за да останес во самото шоу?

Сите подготовки беа одлични и се одеше како што треба …тимот кој што го организираше ова шоу ни пружи целосна поддршка во се - навистина се беше професионално, но сепак имав голема трема, бидејки прв пат се појавувам пред камери и воопшто во јавноста. А што се однесува до гласовите, се плашев како и сите останати кандидати бидејки во тие моменти кога се наоѓаш меѓу  толку добра конкуренција секогаш преовладува една мисла – подобри се од мене!:)


 
Самото финале значеше круна на едно професионално одработено шоу! Дали поучена од претходните три шоуа имаше поголема самодоверба на финалето. И ако е така, зошто?

Па да, како се наближуваше крајот ми растеше самодовербата …во претходните три шоуа бидејки испаѓаа по неколку кандидати ми беше повеќе страв, но кога дојде последната гала вечер односно гранде финалето бев полна со себе зошто знаев дека само еден е победник…
 
Како би ја опишала атмосферата пред прогласувањето? Како се чувствуваше? Дали чувствуваше напнатост?

Атмосферата пред прогласувањето беше возбудлива, напната и сите бевме во исчекување. Бев премногу возбудена иако не очекував да победам.


 
Елиминацијата одеше последователно И запре до тебе! Те прогласија за победник на шоуто! Дали беше очекувано од твоја страна? Опиши ми ја атмосферата при прогласувањето? Како се чувствуваше?

Не очекував ни најмалку дека ќе победам...кога останавме јас и другата кандидатка Билјана Скортова почнав да треперам цела  И кога водителот Сашко Коцев кажа дека победникот сум јас...бев збунета истовремено и пресреќна.  За миг си помислив – ДА НЕ СОНУВАМ?  Мојата среќа можеше да  се види и по солзите радосници.
 
Зошто мислиш дека победи? Кои се твоите адути?
Па како што спомнав мислам дека ги освоив со изгледот пред се.
 
Што мислиш за ваков тип на шоуа? Дали е овој начинот на кој треба да се поттикнат сите млади и убави девојки за да учествуваат и да се презентираат јавно?

Па мислам дека ваков тип на шоуа и беа потребни на Македонија и дека така треба да продолжат. Па да, овој е најдобриот начин за да се поттикнат сите убави девојки да се пријавуваат и да учествуваат за да ги покажат своите квалитети и способности, а пред се да успеат.


 
Кои се твоите идни планови? Која е агенцијата што ке стои позади тебе?

За се во врска со моите модни ангажмани и кариера препуштам и оставам на модната агенција Fashion Stage со која што јас и останатите кандидати од шоуто имаме потпишано ексклузивен двегодишен договор за соработка и менаџирање. Луѓето се професионалци, верувам во нив и оставам тие најдобро да си ја завршат својата работа.


 
Колку години имаш, каде учиш и што планираш понатака во образованието?

Родена сум во Шведска во градот Норцепинк. Но, уште како мала сум преселена во Македонија и сега живеам во Радовиш. Имам 15 години , учам општа гимназија во СОУ “Коста Сусинов “ во  мојот град. Секако, после средното образование планирам да продолжам со студии, но сеуште не би мозела да кажам што е тоа што ке продолзам да го учам .


 
Дали ја имаше поддршката од твоите родители и твоите најблиски, и колку е тоа битно во самиот почеток на една кариера?

Имав целосна поддршка од моите родители како и од моите најблиски. Во сите моменти тие беа до мене да ме поддржат и да ме охрабрат. Најважно е да имаш поддршка од родителите и најблиските зошто многу значи за да  продолжиш понатаму.

 

 

Интервјуто е објавено во ТЕА МОДЕРНА
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...