Контроверзниот станар Радашин Мирковиќ од ралното шоу Големиот брат вечерва во 18.45 гостува во естрадниот магазин Бекстејџ во 18.45. Тој во разговор со нашата новинарка ги открива сите каприци, згоди и незгоди...

Голем концерт на Калиопи и Карамазов во Сараево

На официјална покана на селекторот на Интернационалниот фестивал “Сараевска зима 2010”, првата дама на македонската музика Калиопи и најдобриот светски лаутист Един Карамазов на 24 февруари ќе одржат голем концерт во Босанскиот културен центар во Сараево.

По промоциите во Скопје и Загреб, ова е трета промоција на албумот “Oblivion”, кој за територијата на Босна и Херцеговина го издаде реномираната дискографска куќа Сити Рекордс.

Заедно со Калиопи и Карамазов, на концертот ќе настапат и хрватскиот гитарист Дарко Пелужан како и босанскиот контрабасист Давор Бошњаковиќ.

Албумот “Oblivion” веќе е во продажба во сите ЦД шопови на Сити Рекордс и поголеми музички продавници во Босна и Херцеговина.

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...