Глен Морисон
Урбана журка за градски фаци – по Метју Дикеј и Глен Морисон, Колосеум повторно е во игра. На омилениот подиум на светски познатите ДЈ-и овојпат застана младиот и екстремно талентиран Глен Морисон.

Третпат во Скопје но првпат пред камерата на Бекстејџ – дечкото кој израснал на улиците на Торонто, денес е еден од најреспектираните дј-и и продуценти на клубската сцена. Има своја издавачка куќа Морисон рекордс, може да се пофали со соработката со брендови како Прада, Гучи и Мерцедес а има направено и музика за неколку познати видео-игри. Сепак неговите почетоци се врзани за класичната музика:
- Тоа беше почетокот на се... Јас всушност почнав кога бев многу мал, на 4 години и до 11 годишна возраст веќе ги поминав сите нивоа. Класиката претходеше на се друго, се пред електронската музика.
Зошто се одлучи токму за електронската музика?
- Тоа се случи на една куќна забава. Мислам дека имав 15 години и бевме на една забава, во долниот дел на куќата имаше ДЈ кој пушташе некои траки. Во тој момент немав поим за што се работеше, но многу ми се допадна музиката.
Доколку не би го работел ова, што друго би правел во животот?
- Студирав право и критичка теорија на универзитет па можеби би го работел тоа, незнам...
Луѓето честопати мислат дека дј-ството се состои само од забави и девојки. Каков е неговиот коментар за ова?
- Тоа е само еден аспект на ДЈ-ството, нешто слично како животот на рок ѕвездите. Сепак за мене секогаш е музиката на прво место, потоа односот со мојата публика... ги сакам луѓето кои ме поддржуваат и го почитуваат она што го работам .
Секојдневните настапи и патувања можат да бидат и те како стресни. Како Глен се релаксира?
- Во принцип немам време за одмор... Кога сум на турнеја само се трудам да отспијам во авионот, да се хранам квалитетно и да пијам многу вода.
Кога сме на тема патувања, која земја ги има најжешките девојки?
- Тешка конкуренција... Насекаде има жешки девојки, на пример источна Европа, јужна и северна Америка...
Највкусната храна?
- Обожувам суши, затоа би го споменал Токио за суши. Потоа макдонската кујна, која е една од највкусните, штета што вечерва пристигнав доцна па немав прилика да пробам некој домашен специјалитет. Го сакам секое место поради своите специфичности.
А најдобрите забави?
- Тука без двоумење – клубот “Амнезија” на Ибица, каде сум резидент ДЈ веќе две години.
Работи, се журка, патува, има ли време за љубов и сериозна врска?
- Јас веќе сум во сериозна врска така што одговорот на тоа прашање е поприлично опасен ( се смее ). Ја сакам девојка ми многу и засега одлично ни оди. Се трудиме да се гледаме колку е можно почесто, моментално таа е во мојата куќа, ќе ја видам утре штом ќе долетам дома.
Млад, посветен и амбициозен – журката со Глен Морисон во вашиот омилен Колосеум е настан за кој уште долго ќе се зборува !!! Ако го пропуштивте овој, потрудете се наредниот викенд вие да бидете оној кој ќе раскажува!!!
Подготви: Марија Петровска

















