Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Darren Emerson: Скопје е најзабавното место во светот !!!

Често е во Македонија, но првпат во Бекстејџ. Човекот кој ги основа големите Underworld за по 10 години да го напушти бендот и да и се посвети на својата соло кариера како ДЈ продуцент и сопственик на Underwater records – веќе погодувате нели? Следуваат минути за Darren Emerson.

Разбушавен и сеуште нерасонет Darren со задоцнување од речиси еден час се појави во клуб Collosseum. Побаравме оправдување:

- Само што слетав, отидов да се распакувам во хотел...и се успав. За среќа успеаја да ме разбудат и еве ме, малку доцнам, но подготвен сум да настапувам.

Почна да пушта музика на 14 години. Зошто реши да стане Дј наместо доктор, пожарникар или можеби полицаец?

- Мислам дека вината е во моите родители кои ми подарија плочи уште на три години, малку подоцна и микс пулт. Значи музиката беше мојата омилена играчка од мали нозе. 


Го навративме две децении наназад па прашавме.  Што купи со првите заработени пари?

- Хммммм... Првите пари, првиот сет...незнам, навистина не се сеќавам, извини.
 

ОК ќе му простиме, во овој момент сеуште не беше разбуден. А дали се сеќава на првиот купен диск?

- Добивав многу плочи од моите родители, но едни од првите беа The Police, The Specials.


Дали некогаш зажали што ги напушти Underworld ?

- Не, не воопшто, мислам дека тоа се случи во вистинското време. Десет години бевме заедно и мислам дека го достигнавме врвот како група,  време беше за нешто ново. 
 

Освен врвен ДЈ за Дарен велат дека е вистински магнет за жените, но девојки олабавете - неговото срце е веќе зафатено. Имено од далечната 2004 е во врска со британската тв презентерка Кејт Торнтон, која моментално е негова свршеница и мајка на неговиот  речиси двегодишен син Бен. Покрај многуте обврски му останува ли доволно време за семејството?
 
- Мојот живот се состои од две работи, музика, семејство, музика, семејство... Или сум татко или во студио снимам, или некаде по светот патувам. Навистина немам време за ништо друго, пред неколку дена излегов со еден пријател на вечера, после две-три години...ууууу сега кога размислувам тоа е навистина долг период ( се смее ).   
 

Бидејќи како што самиот вели е светски патник и повеќе време поминува во авион отколку дома, ни се виде како вистински човек за следново прашање – кое е најзабавното место во светот?

- ( се смее ) Па еве ова место е неверојатно... Всушност ова е најдоброто место на светот.
 

Каква Пача, каква Ибица....во Скопје била забавата. Сега веќе ни е јасно зошто Дарен условно кажано секој втор викенд е во Македонија!!! А како и не би доаѓал кога секое гостување му е полно изненадувања. На пример последниов пат еден дечко се реши токму на неговиот сет да ја побара својата девојка Марија за жена...

- романтично, ме разнежнија... ( се смее )
 

После ваков гест време беше да почне забавата а да и вистинско време Дарен да се разбуди :

- Да, да јас сум Darren Emerson и сега тргам од back на stage ( се смее ) А да, и ќе се разбудам конечно.

Подготви: Марија Петровска
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.