Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Четкар снима албум во Њујорк

Охридскиот гитарист Владимир Четкар, заедно со францускиот диџеј Димитри Фром Парис и легендарниот Том Моултон го снимаат најновиот проект на Димитри Фром Парис чија што светска промоција ќе се случи во aприл под капата на Defeced Records.

Ова е најпознатата музичка куќа во светот за соул, хаус и диско музика.

Снимањето се одвива во Dubway Studios во Њујорк. Четкар во овој проект е оркестратор-аранжер и гитарист. Во Студиото покрај Димитри Фром Парис, Четкар ја имаше честа да соработува со Том Моултон, легенда која во музичката историја е эапишан како Таткото на Денс ремиксот, и е еден од клучните фигури во историјата на популарната музика, посебно кога станува збор эа Диско ерата.

По овој проект, Четкар со својот квартет ќе има серија концертни настапи во Бостон, Вашингтон, Њујорк и Чикаго каде што ќе се претстави со авторска музичка програма.

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...