Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Браво бенд со нов спот

Браво бенд снимија спот за песната "Без неа не постојам", во продукција на "Комјунити пикчрс", и режија на Дарко Антоновски. 
Музиката ја напиша сегашниот фронтмен и вокал на бендот Александар Тасевски а текстот е на Анита Даева.

Спотот се снимаше во еден луксузно опремен стан во центарот на Скопје, цели 16 часа.  Песната "Без неа постојам" е најава за вториот албум на Браво бенд , кој треба да излезе во мај.

Момчињата од Браво бенд ја најавуваат и темата "Таа има се" со која ќе настапат на домашниот Евросонг. Песната е авторско дело на Мартин Вучиќ, текстот е на Сања Николиќ. Песната е во брз ритам, а за неа најавуваат и интересен сценски настап. 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...