Ареа во Универзална со гудачи
Откако два пати ја наполнија Метрополис арената во Скопје, одржаа повеќе од 100 електрични концерти низ земјата, Ареа по 8 годишна пауза со големо изненадување за рокерите и почитувачите на рок музиката во Македонија.
16 Април Универзалната сала во Скопје ќе биде местото каде Ареа ќе ги врати Сите мои слики а и ќе ги претстави своите најнови песни.

Покрај Ружица, Ивица, Чеде, Горан и Владе на сцената во Универзалната сала ќе се појават и две виолини и две виолончела. Идејата за овој нов момент на нивниот прв анплагд концерт е заедничка а причината потребата за новитети во овој култен македонски рок бенд. И за да не прераскажуваме, бидете дел од ова Ареа случување на 16 ти Април во Универзалната сала во Скопје. Бекстејџ сигурно ќе ги има деталите од зад сцената.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













