Анџелина Џоли во Белград
Убавата оскаровка Анџелина Џоли следната година ќе гостува во Белград, пишуваат српските интернет портали. Во Србија ќе ја донесе медиумскиот магнат, Жељко Митровиќ, сопственикот на Тв "Пинк".
Американскиот продуцентот Лукас Фостер, минатата недела бил на гости кај Митровиќ на покана на неговата "Пинк филм интернационал". Фостер, кој е познат како продуцент на филмот "Господин и госпоќа Смит", на чије снимање Џоли се вљуби во Бред Пит, беше гостин на Жељко Митровиќ. Како што пишува "прес онлајн", Фостер во Белград го испитувал теренот за снимање на два големи холивудски проекти со Анџелина во главната улога.
Освен Анџелина, "Пинк" во Србија ќе го донесе и оскаровецот Кевин Спејси, а оскаровецот Џони Деп минатиот месец му беше гостин на Емир Кустурица на Мокра Гора.

















