Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Ана Бебиќ: Боки е легенда и сака жени

Хрватската пејачка Ана Бебиќ е првата која ја напушти куќата на ВИП Големиот брат. За српските медиуми, нејзиното испаѓање било ептен очекувано, со оглед на тоа дека противник во номинацијата и беше Боки, кој на публиката и е секогаш интересен.

- Криво ми е што господин Бора заплака, веројатно сум му била драга", изјави Ана по излегувањето од куќата. Таа изјавила дека претходно не познавала никого од куќата, но најмногу ја засакала Лепа Лукиќ.

- Таа жена е толку симпатична и драга што ме воодушеви. Жал ми е што Ера ја навреди, претера, затоа што таа сепак е дама", вели Ана. Таа има позитивен коментар и за нашиот Боки.

- Боки е легенда и треба да го запознаете за да видиме каков е. Тој е многу духовиот и шармантен. Не сум размузлувала премногу за неговата сексуална определба, но јас мислам дека тој сака жени", открива Ана Бебиќ. 

Како Боки повторно се снаоѓа во делот на сиромасите, гледајте вечерва на Сител.   

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...